Поранешниот италијански репрезентативец Антонио Кандрева ја урна и последната надеж на Аталанта дека може да дојде до место за ЛШ во пеколната битка сезонава во италијанската Серија А, откако со гол во 92-та минута на Салернитана и донесе победа со 1-0 и веќе извесно сигурен опстанок.
Кандрeва влезе во игра во последните десет минути од натпреварот а во втората минута од судиското надополнување погоди за голема победа во Салерно, после која Салернитана дојде до 38 бода, 11 повеќе од Специја, која денеска игра со Милан и ако не победи, ќе значи формален опстанок за тимот од Салерно.
Аталанта, пак, остана на 58 бода колку што има и Рома, пет зад Интер кој е четврти и ја држи последната позиција за место во ЛШ. „Нераѕурите“ сега имаат и натпревар помалку и ако победат вечерва со Сасуоло за „божицата“ ќе се затвори вратата за пласман во европската елита.
Прекрасниот гол на Кандрeва може да го погледнете ТУКА.