Италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо би сакал да стане тренер на Глазгов Ренџерс откако Стивен Џерард го презеде кормилото на Астон Вила, објави шкотскиот Дејли рекорд, повикувајќи се на извори блиски до Гатузо .
Џенаро Гатузо играше за Ренџерс една сезона (1997/98) и секогаш покажуваше голема наклонетост кон шкотскиот клуб, а не треба да се заборави дека неговата сопруга е Шкотланѓанka.
Гатузо го водеше Наполи од декември 2019 година до јуни оваа година, а го напушти клубот откако му истече договорот. Не чекаше долго на нова работа бидејќи летово ја презеде Фиорентина. Но, по само две недели раскинаа поради несогласувања околу политиката за трансфер на играчи.
За Гатузо е заинтересиран и Спартак Москва.
Еден од кандидатите за нов тренер на Ренџерс е поранешниот тренер на Барселона од пред неколку дена Роналд Куман.
Како што пренесува Football Insider, Куман е еден од главните фаворити за наследник на Џерард и на Ајброкс сериозно ја разгледуваат можноста. Директорот на шкотскиот шампион Рос Вилсон сака престижен и познат тренер.
Покрај во Барселона, Куман работеше и во Евертон, Саутемптон, Ајакс, Бенфика и Валенсија, а поддршка му дава и тоа што во Саутемптон работеше со актуелниот директор на Ренџерс Вилсон. Токму оваа врска ја започна приказната за пристигнувањето на Куман во Ајброкс.
Заедно со Куман и Гатузо, еден од кандидатите е Џон Тери, поранешен капитен на Челзи и уште еден поранешен англиски репрезентативец, кој полека се пробива во тренерската работа.