Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.
Стефанос Циципас е 4. тенисер во светот и во осминафиналето се сретна со Американецот Тејлор Фриц кој е 22. играч на планетата.
Циципас победи со 3-2 во сетови, поточно со 4:6, 6:4, 4:6, 6:3, 6:4, за три часа и 26 минути тенис во Мелбурн.
Тејлор Фриц одлично го започна мечот освојувајќи го првиот сет, но Циципас одговори со иста мера, така што третиот сет му припадна на Американецот, а потоа Циципас возврати за 2-2.
Во петтиот сет Фриц имаше предност, но остана без сили во финишот кога Стефанос направи клучен брејк и дојде до победа и пласман во четвртфиналето, каде Циципас ќе игра против Јаник Синер.