Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада вечниот ривал шпанецот Рафаел Надал со 6-1 и 6-4 со што обезбеди осминафинале на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, а го дозна и противникот по мечот меѓу Доминик Кефер и Матео Арналди.
Арналди го освои првиот сет од мечот со 6-3, по што следуваше доминација на Германецот во следните два сета.
Германецот во вториот сет беше подобар со 6-2, додека во последниот му дозволи на Арналди да освои само еден гем (6-1).