Еден од најпознатите македонски кардиолози, но и планинари, доктор Сашко Кедев, ја продолжи мисијата на искачување на највисоките светски врвови, откако пред точно една недела го искачи врвот Г2 во Пакистан.
Станува збор за 13. највисок врв во светот, кој се протега на височина од 8.035 метри.
„За првпат во историјата, македонско знаме на Г2 (Gasherbrum II) се развеа во Пакистан на 8.035 метри надморска височина. На 22 јули 2024 година, во 13:28 часот по локално време, проф. д-р Сашко Кедев го искачи тринаесеттиот по височина врв на светот“, соопштија од Федерацијата за Планинарски спортови на Македонија.
За доктор Кедев ова е искачувањето на 11-тиот од вкупно 14 врвови над 8.000 метри висина во светот.
Голем респект и благодарност до доктор Сашко Кедев за презентацијата на Македонија наљ светската сцена! Ти благодариме Кедев!