Една недела откако го искачи врвот Макалу на Хималаите, македонскиот алпинист Сашко Кедев оствари уште еден нов подвиг во својата кариера.
Вчера тој го освои врвот Лоце на Хималаите, висок 8.516 метри, четврти највисок во светот. Негова следна цел ќе биде врвот Канченџунга кој е нешто повисок од Лоце (8.586. метри).
Сашко Кедев има исклучителна колекција на искачени врвови, има освоено 10 од 14. врвови над 8.000 метри. Покрај Макалу тој ги има искачено и Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).