Фиорентина продолжи со добри игри и по пласманот во финалето од Конференциската лига на УЕФА дома триумфираше над Монца (2-1) и така на табелата го прескокна актуелниот првак Наполи.
Наполи ја игра најлошата сезона во историјата и веројатно ќе остане без место во европските купови. Тоа може да им го донесе Фиорентина, ако ја освои Конференциската лига на УЕФА и ако остане на позицијата која води во еврокуповите.
Монца прва дојде до предност кога во 9. минута Ѓуриќ ја погоди мрежата на „виолетовите“. Во 32. минута Гонзалез изедначи на 1-1, а во второто полувреме Артур Мело по асистенција на Барак ги постави конечните 2-1. Монца веќе седум натпревари по ред нема победа во Серија А, но статусот во елитата не ѝ е загрозен.