Луд натпревар се одигра во Удине. Екипата на Удинезе дојде до бод против Наполи со гол на Саксес во судиското продолжение од натпреварот, дуелот заврши 1-1.
Наполи беше пред победа во Удине, но домаќините се спасија пред последниот судиски свиреж.
Наполитанците поведоа по шест минути игра во второто полувреме со гол на Осимен а асистираше Политано.
На десет минути до крајот Осимен даде уште еден гол, но ВАР му го поништи поради офсајд.
Кога се очекуваше дека Удинезе ќе доживеа уште еден пораз, Скасес постигна гол во втората минута од судиското продолжение и донесе бод за својот тим.
Удинезе уште се наоѓа во зоната за испаѓање и до крајот на сезоната ќе води тешка битка за опстанок.