Ливерпул со 2-1 го совлада Брајтон, за стратегот Јирген Клоп ова беше прв добиен меѓусебен дуел со Де Зерби во Премиерлигата.

Дуелот започна шокантно за тимот на Ливерпул, Брајтон со гол на Велбек уште во втората минута дојде до водство на Енфилд од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 27. минута кога колумбиецот Диаз изедначи на 1-1, со нерешено се замина на одморот.

Победата за Ливерпул ја донесе Мохамед Салах со гол во 65. минута од натпреварот, а по асистенција од Мекалистер кој претходно го носеше дресот на Брајтон.

 

Ова е огромна победа за Ливерпул кој до крајот на дербито во „Итихад“ ќе биде сам на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата.