Марсело освои сѐ што можеше да се освои со „кралевите“ и тоа по неколкупати, беше незаменливна левата бековска позиција, но во последните две години, добиваше премалку шанса и дојде крајот на неговата авантура во шпанската престолнина.
„Си заминувам среќен. Остварив сѐ што можев и сега оставам наследство за помладите“, рече Марсело, па продолжи: „Кога заминав од Бразил сакав само да играм Лига на шампиони, а денеска си заминувам како најтрофејниот играч на овој клуб. И ќе кажам нешто што досега не сум го кажал, му благодарам на Раул за сѐ, многу ми помогна кога дојдов, ми даде многу совети. Никогаш нема да заборавам што сѐ ми подари кога ми се роди првиот син Енцо“.