Српската тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ денеска преку социјалните мрежи се збогува од неговиот сонародник,велемајсторот за слободни удари-Синиша Михајловиќ.

Пораки по смртта на Синиша Михајловиќ стигнуваат од сите страни, а една од оние кои имаат најголема тежина секако е од Новак Ѓоковиќ.
„Почивај во мир, драг Синиша. Сочувство за фамилијата Михајловиќ. Ти благодарам за сѐ што направи за нашиот спорт, како и во Италија. Твојата трага е неизбришлива“, напиша Новак Ѓоковиќ.