Тимот на Вилјареал дојде до петтата победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи го Лас Палмас со 3-1 на домашен терен. Со оваа победа, „ жолтата подморница“ исплови до третото место на табелата, веднаш зад Барселона и Реал Мадрид, со вкупно 17 освоени бода.
Николас Пепе го отвори резултатот за Вилјареал во 17. минута, но гостите израмнија благодарение на Фабио Силва на почетокот на второто полувреме.
Алекс Баена пропушти да реализира пенал во 51. минута, но Вилјареал на крајот дојде до посакуваните три бода со головите на Тиерно Бери и на Алекс Баена во последните минути од натпреварот.