Алавес го изненади Атлетико Мадрид, го совлада 2-0, па мадридскиот тим пропушти можност да ја зголеми разликата пред Атлетик Билбао во трката за позициите кои водат во ЛШ.
Алавес по само 15 минути преку Бенавидез ја затресе мрежата на гостите, а победата ја „запечати“ со прекрасен гол на Риоха во 92. минута кога со прекрасен волеј удар ја скина мрежата на голманот Облак кој остана немоќен.
Погодокот поглднете го ТУКА
Екипата на Диего Симеоне остана на четвртата позиција со 61 бод, додека Алавес има 35 бода на 13. место во првенството.