Домаќините одиграа фантастично прво полувреме во кое ја осигураа победата.
Саутемптон имаше иницијатива во првите минути, но откако не ја искористи, Еванилсон казни со гол во 17. минута за водство на Борнмут од 1-0.
Во 32. минута Кватара постигна гол за водство од 2-0, а само пет минути подоцна Семењо реализира за 3-0.
По шест минути игра во вториот дел Саутемптон успеа да даде гол преку Харвуд Белис со глава, но во продолжение не успеаа да постигнат уште некој погодок. Борнмут на крајот го доби дуелот со 3-1.