Роналдо постигна гол во 76. минута кога погоди по асистенција од Гариб.
Роналдо постигна мајсторски гол со својата послаба лева нога и го зголеми водството над Ал Рајан (2:0), па потоа ја промени својата карактеристична „Сиуууу“ прослава.
Причина за тоа е роденденот на неговиот починат татко, кој ако денеска беше жив ќе наполнеше 71 година.
Кристијано со многу емоции погледна кон небото и погодокот му го посвети на својот татко, кој за жал прерано го напушти овој свет уште пред две децении.