Борусија Дортмунд славеше во последното коло од германската Бундеслига со 2-1 против Херта, а тоа воедно беше и последен меч на нивната голема ѕвезда Ерлинг Халанд, кој се сели летово во Манчестер сити.

„Милионерите“ имаа кошмарен старт бидејќи по 18 минути примија гол од Белфодил (0-1), по што до крајот на првото полувреме немаше многу шанси за израмнување.

Дортмунд се врати во живот преку Халанд, кој од пенал погоди за 1-1, а победата на германскиот гигант ја обезбеди Мукоко на шест минути пред крајот на регуларните 90.

Баерн Минхен го освои првото место, додека во топ-4 завршија уште Дортмунд, Леверкузен и Лајпциг. Во Лига Европа продолжуваат Унион Берлин и Фрајбург, додека Келн избори место во Конференциската лига. Од лигата се збогуваа Арминија Билефелд, како и Гројтер Фурт, додека Херта ќе игра бараж за опстанок.

Резултати:

Арминија Билефелд – Лајпциг 1-1
Аугсбург – Гројтер Фирт 2-1
Леверкузен – Фрајбург 2-1
Менхенгладбах – Хофенхајм 5-1
Мајнц – Франкфурт 2-2
Штутгарт – Келн 2-1
Унион Берлин – Бохум 3-2
Волфсбург – Баерн Минхен 2-2