Фреди Ринкон, поранешниот репрезентативец на Колумбија, се наоѓа во критична состојба по сообраќајната несреќа што ја имаше со неговиот автомобил. Ринкон веднаш бил пренесен во болница, а лекарите се борат за неговиот живот.
Несреќата се случила во непосредна близина на домот на Ринкон, а 55-годишниот некогашен фудбалер сега се наоѓа на интензивна нега.
Според колумбискиот весник „Ел Темпо“, Ринкон поминал на црвено светло, а во него со голема брзина удрил автобус кој доаѓал од спротивната насока.
Ринкон беше некогашна голема ѕвезда на колумбискиот фудбал, а во 1995 година направи сензационален трансфер во Реал Мадрид. Сепак, не се снајде во Кралскиот клуб и потоа направи трансфер во Коринтијанс. Ринкон настапи и на три Светски првенства, а вкупно во 84 меча за колумбиската репрезентација постигна 17 голови.