Динамо Загреб и Динамо Киев, ќе одиграат пријателски натпревар, кој ќе има хуманитарен карактер.
Натпреварот ќе се игра на 28. април на „Максимир“ од 18 часот. Натпреварот ќе се одигра со два слогана… „Натпревар за мир“ и „крај за војната“.
Целиот приход кој ќе биде собран од овој натпревар, од влезниците, ќе оди за настраданите од Киев.
А за да биде уште поинтересно, по овој натпревар, се очекува да се организира пријателски меч помеѓу Динамо Киев и Шахтјор од спорната област Доњецк.