По само една сезона, Кристијано Роналдо ќе си замине од Манчестер Јунајтед, тврдат денеска тамошните медиуми.
Според Манчестер Ивнинг Њуз, не станува збор за желба за заминување на фудбалерот, туку клубот сака да се ослободи од него и да се поштеди од нови трауми во иднина. Како што стојат работите, освен што нема да освои трофеј оваа сезона, Јунајтед ќе остане и без пласман во Лигата на шампионите што ќе биде огромен неуспех за португалскиот фудбалер.
Уште е нејасно дали Јунајтед ќе бара отштета за Роналдо, но се знае дека сака да се ослободи од неговата плата која на годишно ниво изнесува 17,4 милиони евра. Со оглед на тоа што ќе има нов менаџер, заминувањето на Роналдо ќе му ослободи простор за маневар и ќе се избегнат ситуации за раздор во екипата само затоа што тој бил заменет на некој натпревар или не бил дел од стартна постава.