Манчестер Јунајтед синоќа доживеа срамен пораз на домашен терен од Вест Хем со 1:0 во првото коло од ЕФЛ Купот.
На овој натпревар, „црвените ѓаволи“ играа со комбинирана екипа, а на крајот „чеканите“ славеа.
Голот што ја направи разликата го постигна Мануел Ланзини во 7 -та минута од натпреварот. Домашниот тим се обиде да се врати до крајот, но не успеа.
Кристијано Роналдо не беше во списокот на Јунајтед за овој натпревар.
Иако се работи за Лига купот, сигурно е дека навивачите на Јунајтед не се чувствуваат удобно поради овој пораз, а се чувствуваа уште помалку добро кога ја слушнаа изјавата на главниот тренер на својот тим на крајот од натпреварот.
Оле Гунар Солскјер го најде виновникот за поразот во – судиите.
“Не би сакал да зборувам многу сега и да барам алиби, но тоа беше пенал за Лингард. Ние извршивме притисок по голот. Мејсон Гринвуд ја донесе потребната свежина кога влезе, беше добар, но тоа не помогна. Сакавме да одиме во следната рунда. Но, ова е долга сезона. ќе има уште многу натпревари. Не можам да ги обвинувам играчите. Не е добро што бевме елиминирани, но имаме важен дуел со Астон Вила во Премиер лигата во сабота“, рече норвешкиот стратег, од кого навивачите барем, во никој случај не се задоволни.
https://twitter.com/WestHam/status/1440949055740338177?s=20