Фудбалерите на Атлетик Билбао се пласираа во финалето на Купот на Шпанија.

Беа подобри од Атлетико Мадрид со 1:2.

Натпреварот можеше да оди и во друга насока по автоголот на голманот на баскискиот тим Унаи Симон.

Во 62. минута кога Лемар изведе корнер, највисок во скокот беше Феликс, но неговиот удар заврши во стативата , топката несреќно се одби и од грбот на репрезентативниот голман на Шпанија влезе во голот.

EmbedPress: Please enter your YouTube API key at EmbedPress > Platforms > YouTube to embed YouTube Channel.

Радоста на „јорганџиите“ траеше цели 15 минути, а потоа следеа корнерите на противникот.

Во 77. минута капитенот на гостите Икер Муниан нафрли на првата статива каде највисок беше Јерај Алварез, а само четири минути подоцна Нико Вилијамс повторно по корнер со прецизен удар донесе целосен пресврт и го постави конечниот резултат.

Билбао во финалето ќе игра со Реал, кој беше подобар од Барселона со 3:2 по продолженијата.