Кристијан Ромеро во 37-та минута после асистенцијата на Дејан Кулушевски ја најави победата, а Хери Кејн во 57-та ја завери откако претходно се избламира со промашување на празна мрежа, за Тотенхем да дојде до 15-та сезонска победа со која сега имаат 48 бода на седмото место, колку и Вест хем на шестото.
Манчестер јунајтед е два бода пред лондончани на петтото место, додека Арсенал е на три, но со меч кој во моментов го игра со Ливерпул .
За Брајтон ова беше десетти пораз сезонава, шести во низа и остана на 33 бода на 13-то место, но засега сѐ уште сигурен во однос на опасната зона со 11 бода предност во однос на Вотфорд, кој е прв во групата за испаѓање.