Португалецот Кристијано Роналдо е сеуште вистинска гол машина, одигра одлично прво полувреме за Ал Наср во дуелот против Абха (5-0) и постигна хет-трик за само 31 минута.

Роналдо го постигна првиот гол во 11. минута, а само 10 минути подоцна беше стрелец за 2-0. Потоа во листата на стрелци се запиша сенегалецот Мане, а Португалецот набрзо го комплетираше хет-трикот, по што петтиот погодок беше дело на Ал Сулаихем.