Фудбалерите на Унион Берлин го губат здивот  во битката за највисок пласман во која долго време беа дури и лидери на табелата во Бундеслигата, откако четврти меч по ред останаа без победа во германската елита.

Чудото од престолнината на Германија одигра само нерешено на гостувањето кај Волфсбург (1-1), што е второ реми со два порази во последниот месец. Јосип Јурановиќ со гол од пенал во 72. минута најави триумф за фаворитот, но домашните изедначија во 84. минута преку Вимер. Головите погледнете ги ТУКА.

Унион Берлин сега е на делба на третата позиција со 45 бодови и тоа заедно со Лајпциг и Фрајбург, со пет бодови помалку од Борусија Дортмунд, а седум од Баерн Минехн.