Првиот гол на мечот падна по пола час игра, кога Дукш стрелаше за водство од 1-0 на Вердер, но потоа Бакер и Фримпонг донесоа целосен пресврт на Леверкузен.
Леверкузен постигна и трет гол преку Хлозек во 83. минута, по што Фулкруг од пенал ги матира „фармацевтите“, но тоа не им беше доволно на домаќините за да избегнат пораз.
Вердер има 30 бода на 11. место, додека Леверкузен е деветти со 34 бодови.