Алфи Мај е стрелец на погодокот за Челтенам против Петерборо во триумфот со 3-0 и тоа од пола терен. Не во стил на Дејвид Бекам, туку уште поспектакуларно – со волеј од пола игралиште.
„Можеби ова е најлудиот гол, ама чувството кога влезе топката во мрежа е неописливо. А, немав други опции освен да фо ‘фатам волејот’. Сите помислија што прави човеков? Сигурен сум дека ова ќе биде мојот најубав гол во кариерата“, рече Мај.