Неколку африкански репрезентации секојдневно објавуваат пошироки или конечни списоци за претстојниот континентален шампионат во Камерун, кој започнува на 9 јануари. Списокот кој со нетрпение се чекаше е оној што го состави сенегалскиот селектор Али Сиса.
Сенегалците денеска конечно го објавија списокот на играчи на кои сметаат за Африканскиот куп на нации, а јасно е зошто ги сметаат за убедливо најсилна репрезентација на континентот и прв фаворит на турнирот.
Погледнете ги само имињата на популарните Лавови. Во суперѕвездениот тим ги има одличниот голман на Челзи, Едуард Менди, командантот на одбраната на Наполи, Калид Кулибали, напаѓачот на Ливерулп, Садио Мане а стартните 11 се на ниво на многу сериозни европски и јужноамерикански репрезентации.
Така, Менди е на голот како еден од најдобрите голмани во Европа во моментов, а негова резерва е одличниот Гомис од Рен. Десен бек е Буна Сар од Баерн, додека резерва е Ибрахим Мбаја од Болоња. Левaта бековска позиција е можеби малку „потенка“ од останатите. Прв избор досега беше Салиу Сис од Нанси, додека негова алтернатива е младиот Фоде Бало Туре од Милан. Стоперскиот тандем го сочинуваат ѕвездата на Наполи, Калид Кулибали и одличниот Абду Диало, за кој ПСЖ пред две години на Дортмунд му плати дури 32.000.000 евра. Алтернативи за нив се моќниот Сисе од Олимпијакос и Абдулаја Сек од Антверпен.
Сенегал обично игра со двајца задни играчи од средниот ред и едно од тие две места е резервирано за Идрис Геј од Пари Сен Жермен. На втората позиција ротираат двајца искусни премиерлигаши: Нампализ Менди од Лестер и Шеик Кујата од Кристал Палас.
Во нападот еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Сади Мане, кој игра како „десетка“ или како лево крило. Втората позиција во понадат е за Исмаил Сара од Вотфорд, кој долго време е голема желба на Јирген Клоп во Ливерпул, а неговиот трансфер ќе се мери во десетици милиони евра. Третото место во офанзивната линија го пополнува Кеита Балде од Каљари или Крепин Диата, кој летово од Монако го донесе Бриж за речиси 20.000.000 евра.
Единствен недостаток на Сенегалеците е што немаат добар класичен центарфор.
Најпознатото име е Булај Диа. Тој имаше одлична минатата сезона во Ремс, по што Виљареал го купи за 12.000.000 евра. Но, во Шпанија не му оди како што се очекуваше. Иако на повеќето натпревари беше стартер, на првите 13 натпревари постигна само еден гол, за на крајот да проработи пред три дена кога постигна два гола во победата против Алавес. Можеби тоа е најавата дека Сенегал се врати во форма и стартна постава.
Кога се ќе се сумира, Сенегал го има убедливо најсилниот тим во Африка. Нигерија, Алжир, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Египет, Мали имаат звучни имиња. Но, никој нема толку силен тим како Сенегал. Но тоа не значи дека ќе ја освои титулата. Ретко кој јасен фаворит стигна до самиот крај на шампионатот на Црниот континент .