Според Италијанецот, средбата по повод пандемијата на вирусот Ковид-19 била бескорисна
Раководството на Премиер лигата одржа средба со тренерите, со цел да се обиде да најде заедничко решение за во иднина, но според мислењето на Антонио Конте, средбата била залудна.
Тренерот на Тотенхем луто зборуваше за луѓето кои го организираат натпреварувањето од најсилниот ранг во англискиот фудбал.
“Тоа беше како да разговарате со ѕидот. Некои тренери се обидоа да разговараат, да најдат решение, но тие веќе имаат одлучено сè однапред. Кога имате ѕид пред вас, можете да зборувате колку сакате и да прашате што сакате, но сите одлуки се веќе донесени“, изјави Конте, чиј тим в недела треба да игра против Кристал Палас.
Предлогот на раководството на прволигашот е екипите да излезат на терен доколку на располагање имаат најмалку 13 играчи, што значително им ја отежнува работата на тренерите поради тимскиот замор. Како и сомнителниот квалитет на играчите на располагање.