Италија одлично го почна мечот со Белгија, но црвениот картон на Пелегрини го промени текот и дуелот заврши без победник 2-2, Франција со 4-1 го совлада Израел.

Италијанците имаа фантастичен старт на мечот, Камбијасо уште во првата минута донесе водство за азурите од 1-0, а веќе во 24. минута Ретеги погоди за 2-0.

Италија доминираше, но во 38. минута се случи клучниот момент на мечот, Пелегрини доби црвен картон.

Пелегрини заработи црвен картон и веднаш се почувствува неговото отсуство. Де Кујпер во 42. минута намали на 2-1, додека конечните 2-2 ги постави ѕвездата на Арсенал, Тросар. Со оваа поделба на бодовите Италија остана на лидерската позиција, додека Белгија падна на третото место, бидејќи Франција беше убедлива против Израел.

Израел во Будимпешта беше домаќин на Франција. Французите славеа убедлив триумф.

Камавинга и Нкунку постигнаа голови во првото полувреме за Франција, Гендузи и Баркола беа стреци во финишот од мечот за победа од 4-1.