Грција ја шокираше Англија совладувајќи ја со 2-1 на Вембли, а триумфот му беше посветен на починатиот грчки репрезентативец, Џорџ Балдок.

Фудбалската репрезентација на Грција направи големо изненадување во Лига Б од ЛН. Вангелис Павлидис, напаѓачот на Бенфика, беше стрелец на двата гола за Грција, победничкиот го постигна во 91.минута. За Англичаните погоди Џуд Белингам во 87.минута од дуелот.

Резултатот беше отворен по четири минути игра во второто полувреме кога Павлидис донесе водство за Грција од 1-0.

Тој даде гол и во 83. минута, но погодокот му беше поништен поради офсајд. Четири минути подоцна Белингем изедначи на 1-1. Сепак тоа не беше

се.

 

Во четвртата минута од судиското продолжение Павлидис даде втор гол, овојпат регуларен за победа на Грција од 2-1.

Тој и двата голови му ги посвети на починатиот Џорџ Балдок кој се удави во базен. Ова беше историска, но и емотивна ноќ за Грците.