Екипата на Јувентус забележа уште една победа во Калчо лигата, откако потешко од очекуваното славеше на дуелот со Венеција, во првиот денешен натпревар од 35. коло на италијанскиот шампионат.
Во Торино, домашниот тим беше поуспешен со минимални 2-1 и се зацврсти на четврата позиција на табелата, но и на еден начин ги сочува шансите во битката за шампионскиот трофеј. „Старата дама“ важеше за голем фаворит против најслабиот калчолигаш, кој е на сигурен пат да се врати во понизок занг, но до трите бода стигна благодарение на голот на искусниот Боничи во последната фаза од натпреварот.
Токму столбот на одбраната на Јуве беше и творец на првиот гол на натпреварот, откако во седмата минута на додавање на Де Лихт стрелаше за 1-0, резултат со кој се замина на одмор. Во вториот дел Венеција заигра нешто поангажирано и успеа да се врати во игра, со голот на Араму. Сепак, искусните фудбалери на Алегри не дозволија нов кикс и 35-годишниот дефанзивец во 76. минута донесе нова радост на трибините и победа на својот тим.