Шпекулации се појавија неодамна дека е можно Ерлинг Халанд за некоја сезона да се пресели во Барселона, а ги потврди и поранешниот фудбалер, а сега скаут на каталонскиот клуб Бојан Кркиќ.
Последните месеци беа забележани неколку состаноци на блиски луѓе на Норвежанецот, вклучувајќи го и неговиот менаџер, со првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта. Многумина не обрнаа внимание на тоа, пред се поради лошата финансиска состојба во која се наоѓа клубот, но Кркиќ тврди дека трансферот на Халанд не е нереална опција.
„Барселона полека се враќа, идната година пак ќе игра на Камп Ноу, ќе се појават и инвеститори, работите се менуваат. За Халанд, прва опција е Барселона, беше и да разговара со Лапорта“, откри Кркиќ.
Премин на Халанд во Барса е можен дури летото 2025 година, ако навистина се создадат услови за тоа. Ако тоа се оствари, ќе се врати ривалството на шпанските гиганти од времето на Роналдо и Меси.