Смешна ситуација се случи на натпревар од третата шпанска лига меѓу Атлетико Балеарес и Кастиља, вториот тим на Реал, кога видовме навистина бизарен гол со кој тимот од Мадрид славеше со минимални 1-0. Имено, во истиот напад две топки во ист момент влегоа во голот на Атлетико Балеарес.
Тоа се случи во 72. минута. Играчот од средниот ред на Кастиља, Нико Паз изведе слободен удар од десната страна и упати низок центаршут во шеснаесетникот. За време на изведувањето на прекинот, некој од трибините фрли уште една топка во игра. Топката нафрлена од Паз, домашниот играч Алберто Виљапалос во обид да ја избие, си постигна автогол, а топката од трибините се одби од истиот играч и исто така влезе во мрежата.
Фудбалерите на Балерес побараа поништување на голот поради две топки во поле, но судијата сметаше дека втората топка не влијаела на исходот на акцијата, и го призна голот.