Ајакс вечерва од 21 часот го пречекува Наполи во рамки на 3.коло во Лигата на шампиони.

Домашниот тим на одличен начин го најави дуелот и тоа потсетувајќи на двајцата легендарни фудбалери на клубот Јохан Кројф и Диего Армандо Марадона. Бидејќи двајцата повеќе не се меѓу нас, тие ќе го гледаат натпреварот од фудбалскиот рај.

„Легендарен ден на натпревар“, напишаа на социјалните мрежи од таборот на холандскиот тим.