Израелецот кој настапува за Партизан, Бибрас Натхо е подготвен да побара благослов од белградскиот муфтија за да го прекине постот на денот на вечното дерби.
Натхо секоја година го почитува рамазанскиот пост, па тие 30 дена се воздржува од храна и пијалоци од изгрејсонце до зајдисонце, а тоа понекогаш може да биде проблематично за спортистите и фудбалерите, особено ако постат на денот кога се игра натпреварот.
Израелецот сега за српски Телеграф призна дека би можел да побара благослов од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ за да го прекине постот на денот на вечното дерби меѓу Партизан и Звезда.
Да, се трудам да го извлечам најдоброто од себе, од една страна кога станува збор за постот, а од друга страна да не се „убијам“ себеси и своето тело, бидејќи и јас морам да бидам подготвен за игра. Давам се од себе. Не е лесно, бидејќи исто така е долг денот, до седум навечер. Не е лесно, но се трудам максимум“, изјави Начо.
Играчот од средниот ред на Партизан и неговата сопруга Талија и нивните три сина секоја година го прославуваат муслиманскиот свет месец, а минатата година беше на ифтар со легендата на Партизан, Мустафа Хасангиќ.
Израелецот е член на Партизан од 2019 година, а претходно настапуваше за Хапоел Тел Авив, Рубин Казан, ПАОК, ЦСКА Москва и Олимпијакос, а 12 години е репрезентативец на Израел.
Тој е роден во Кфар Ками, Израел во черкеско-израелско муслиманско семејство, а неговиот татко Акрам служел во граничната полиција и починал од срцев удар во 2008 година, додека неговиот братучед Нили Натхо, поранешен кошаркар, починал во автомобилска несреќа во 2004 година во северен Израел.
Дербито на вечните ривали е на програмата во сабота на 16 април, а тоа е натпревар од 31. коло во српската Суперлига кое ќе започне во 18 часот.
Двата тима во моментов се изедначени по бројот на бодови (78), но црвено-белите имаат подобар меѓусебен скор и подобра гол-разлика.
Ова ќе биде трето дерби сезонава. Во првиот на стадионот на Партизан беше нерешено 1:1, додека годинава Звезда победи на домашен терен со 2:0.
Во следното 30. коло од српската Суперлига, Звезда ќе го пречека Раднички од Крагуевац, додека Партизан ќе му гостува на Чукарички.