Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА) на состанокот во Нион ги одобри новите финансиски регулативи.

Ова ќе ги ограничи ’трошоците за плати, трансфери и агенти на клубовите на 70% од нивниот приход. Овие нови правила се првата голема реформа на финансиските регулативи на УЕФА откако беа воведени во 2010 година.

Првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин, рече дека првите финансиски регулативи „и служеле на својата цел“, но дека „еволуцијата на фудбалската индустрија, со неизбежните финансиски ефекти од пандемијата, ја покажа потребата од реформи и нови прописи за финансиска одржливост“.

„УЕФА работеше со сите засегнати страни за да ги развие овие нови мерки за да им помогне на клубовите да се соочат со новите предизвици. Овие регулативи ќе помогнат да се заштити играта и да се подготви за сите потенцијални идни шокови, истовремено охрабрувајќи ги рационалните инвестиции“, рече Чеферин.

Според соопштението на УЕФА, клучна цел на новите регулативи е да се постигне финансиска одржливост, а тоа ќе се постигне преку солвентност, стабилност и контрола на пазарите.

Најголемата промена во новата регулатива ќе биде воведувањето правила за трошоците на тимот со цел да се донесе подобра контрола врз платите на играчите и трошоците за трансфери.

Уредбата ги ограничува трошоците за плати, трансфери и хонорари за агенти на 70 отсто од приходите на клубот. Како што се посочува, проценките ќе се прават навреме, а прекршоците ќе резултираат со однапред дефинирани финансиски казни и спортски мерки.

Кога станува збор за солвентноста, новото правило за подмирување на достасаните обврски ќе обезбеди подобра заштита на доверителите. Контроли, како што се наведува, ќе се вршат секој квартал и ќе има помала толеранција кон задоцнетите плаќачи.

Новите барања за фудбалска заработка се еволуција на постоечките барања за профитабилност и ќе донесат поголема стабилност на финансиите на клубот. Со цел да се олесни имплементацијата на клубовите, пресметката на фудбалската заработка е слична на пресметката на резултатите од профитабилноста.

Додека прифатливото отстапување се зголеми од 30 милиони евра во текот на три години на 60 милиони евра во текот на три години, барањата за обезбедување објективна вредност на трансакциите, подобрување на билансот на состојба на клубовите и намалување на долгот се значително зајакнати.

Новите прописи ќе стапат на сила во јуни 2022 година, а ќе се применуваат постепено во текот на три години за да им се даде на клубовите потребното време да се приспособат, се заклучува во соопштението на УЕФА.

https://twitter.com/UEFA/status/1512041923342704648?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1512041923342704648%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D04dd%3D07nav_id%3D2136117