Барселона синоќа доживеа шокантен пораз (0-1) од Кадиз на домашен терен. Тренерот Чави Хернандез е сурово искрен и видно загрижен по најтешката недела откако во ноември го наследи Роналд Куман. Претходно, Барса беше елиминирана од Ајнтрахт и во Лигата на Европа.
„Создадовме толку многу можности што можевме лесно да го добиеме овој натпревар, но тоа не се случи на крајот. Кадиз одигра беспрекорно во одбраната. За жал, го загубивме првото финале, а не чекаат уште седум. Мора да се избориме за место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. Мораме да бидеме самокритични, да анализираме што грешиме и под итно да се поправиме“, изјави Чави.
Синоќа тој ги немаше на располагање Пике, Араухо и Педри, што сепак влијаеше на играта на Барса.
„Отсуството на играчи како Педри и Араухо е очигледно, но тоа не смее да биде оправдување. Топката едноставно не сакаше да влезе во голот. Се трудевме многу. Тие постигнаа гол на почетокот на вториот дел, а после тоа ја успорија играта и беа агресивни во одбраната. Ни недостигаа навивачите, жал ми е што нашата најверна трибина не беше исполнета вечерва, бидејќи тие го бојкотираа доаѓањето“, изјави Чави.
Барса во следното коло ја очекува тешко гостување кај Реал Сосиедад.