Но, иако ФИГЦ објави два позитивни случаи, италијански спортски коментатор и поранешен фудбалер и соиграч на селекторот Роберто Манчини, Дарио Марколин, за „радио Кис Кис“ од Неапол открива дека има дури седум заразени, односно пет нови и тоа сите фудбалери. Останува прашањето дали Марколин шпекулира или ФИГЦ и италијанската репрезентација ги кријат позитивните.
„Има петмина заразени фудбалери во националниот тим, плус уште двајца во лекарскиот оддел. Не сум сигурен, но овие случаи ќе излегоа на виделина и покрај обидот да се ‘затскријат’“, вели Марколин.
Уште од минатата недела, Мануел Локатели, фудбалерот за врска од Јувентус излезе позитивен после мечот во ЛШ и елиминацијата од Вилјареал.