Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, е свесен за предизвикот што ја очекува неговата селекција, но се надева на пласман на Светското првенство.Португалците играат на домашен терен, а исто така и финалето па никако не смее да се прокоцка шансата за нов настап на СП што ќе се игра во Катар.

Португалија на 24 март во полуфиналето од плеј-офот ќе игра со Турција, а победникот од тој дуел во финалето ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу Италија и Македонија.

„Целосно сум фокусиран на Светското првенство. Горд сум, како и секогаш, што ја претставувам Португалија. Знаеме дека патот нема да биде лесен, имаме голема почит кон ривалите со кои ќе се соочиме, кои имаат иста цел како нас. Но, заедно ќе се бориме да ја одведеме Португалија на местото што и припаѓа“, изјави Роналдо.