Урутвај по изведувањето на пенали стигна до победа против Канада во натпревар за трето место на Копа Америка. Во регуларниот дел немаше победник (2-2).
На самиот старт Родриго Бентакур по додавањето од Касерес донесе водство за Уругвај за 1:0, а веќе во 22 минута беше 1:1. Исмаил Коне погоди на асистенција на Бомбит. Во првиот дел видовме и поништен гол поради офсајд на Факундо Пелистри.
Во второто полувреме следуваше мирна игра се до 80-та минута кога Џонатан Дејвид ја доведе Канада во предност. Херој на Уругувај беше Луис Суарез кој во 92. минута беше стрелец за изедначување, и ја одведе латинската селекција до пенал-рулетот, во кој се истакна голманот Серхио Роше.
Чуварот на мрежата на Уругвај го одбрани пеналот на Исмаел Коне во третата серија, а по сите четири реализации на Уругвај од „белата точка“, под притисок падна и Алфонсо Дејвис кој го промаши целиот гол во петтата серија за уругвајска победа од 4-3.
Уругвај го освои бронзениот медал на Копа Америка, додека вечерва Аргентина и Колумбија ќе се борат за титулата.