Раководството на Барселона беше одлучно во својата намера да ги продаде стоперот Микаил Фаје и напаѓачот Ансу Фати и на нив да заработи пари кои ќе ги потроши на нови засилувања.
Неколку дена по почетокот на подготовките за новата сезона, ситуацијата е драстично променета. Двајцата фудбалери го воодушевиле новиот тренер Ханси Флик кој го спречил трансферот на Фаје во Порто, а за Фати одлучил да му даде шанс да ја возобнови својата кариера. И едниот и другиот ќе добијат шанса на подготвителните натпревари, со оглед на тоа што ќе доцнат неколку играчи и ако го потврдат својот квалитет, ќе останат во тимот.
Фаје дојде лани од хрватскиот третолигаш Кустошија за 1,5 милион евра и играше за Б-тимот на Барселона каде се покажа во одлично издание. Фати помина една сезона на позајмица во Брајтон каде повторно имаше проблеми со повреди, но е решен да се избори за место во екипата на Барса.