Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа загуби во финалето на фјучерсот во Рим што се играше на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.
Лина во денешното финале немаше решение за 21-годишната Оксана Селехметева која триумфирше со 2-0 во сетови на турнирот во италијанската престолнина.
Ѓорческа изминативе денови, играше исцрпувачки мечеви и денеска ја немаше потребната свежина за да ја надигра Русинката. Оксана беше доминатна во првиот сет со 6-1 а во вториот видовме голема борба, решаваа нијанси и дури во тај-брејкот Селехметева со 7-3 го закружи овој натпревар.
Тетовката на ова соочување имаше само три брејк топки од кои искористи две, додека пак противничката дури единаесет пати се најде во таква позиција, но имаше скромна реализација со само четири одземени сервиси на Македонката.