Познат е првиот полуфинален пар на женскиот турнир на Австралија опен во Мелбурн, за место во финалниот меч ќе се борат Елена Рибакина и Викторија Азаренка.
Двете тенисерки денеска лесно, во два сета ги совладаа своите ривалки во четвртфиналните мечеви.
Рибакина беше подобра од Остапенко со убедливи 6-2 и 6-4.
Азаренка ја совлада американската тенисерка, Пегула со 6-4 и 6-1.
Утре на програмата се другите две четвртфинални двојки, Плишкова – Линет и Сабаленка – Векиќ.