Голгетерот на ПСЖ, Килијан Мбапе за првпат во кариерата постигна 5 гола на еден натпревар. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше немилосрден и ја наполни мрежата на аматерскиот тим Пеј де Касел во осминафинале на Купот на Франција. Парижаните го сомлеа својот немоќен противник со 7-0, а останатите голови за тимот на Кристоф Галтие беа дело на Нејмар и на Карлос Солер.
За Мбапе, натпреварот беше навистина посебен бидејќи никогаш претходно не го водел ПСЖ со капитенската лента. Напаѓачот го комплетира хет-трикот на само 11 минути пред паузата, а во 79. минута го постигна својот петти гол на натпреварот, со што стана првиот играч во историјата на францускиот гигант со пет гола на официјален натпревар.