Интер го освои Суперкупот на Италија, но во италијанското првенство во Серија А доживеа шок. „Нероаѕурите“ загубија на домашен терен од Емполи со 0-1 и најверојатно ги загубија сите шанси за титулата оваа сезона.
Стратегијата на Симоне Инзаги се растури во 40.минута кога беше исклучен Милан Шкрињар, кој заработи два жолти картони.
Томасо Балданзи во 66.минута успеа да го совлада Андре Онана и донесе историски триумф за Емполи на „Џузепе Меаца“.