Манчестер сити се повлече од битката по потпис на англискиот репрезентативец, Деклан Рајс, препуштајќи го на Арсенал кој успеа да ги задоволи огромните финансиски барања на Вест Хем (100 милиони фунти), но истовремено влезе во трката по Габриел Веига, кој игра за Селта.
Шпанецот, кој е дамнешна желба на Ливерпул, има откупна клаузула од 40 милиони евра, што е речиси трипати помала сума од таа што ја бараа за Рајс. Станува збор за еден од најталентираните играчи од средниот ред во Шпанија, кој има само 21 година и пред кого е светла иднина.
Младиот Веига не е во плановите на Барселона и на Реал Мадрид, па се очекува во следниот период да има битка помеѓу Сити и Ливерпул за неговиот потпис, на двата клуба не им е проблем да одвојат 40 милиони евра за да го откупат од Селта.