Леванте ја продолжи мизерната форма во Ла Лига и по 17 натпревари не знае за триумф, откако вечерва загуби со 3-4 од Еспањол.

Еспањол постигна гол за водство преку Дардер во шестата минута, по што Леванте направи пресврт преку Де Фрутос и Сон (2-1) во првите 45 минути.

Де Томас израмин на 2-2 во 49. минута, но набрзо водството на гостите го врати Моралеш со гол во 57. минута (3-2). Сепак, Еспањол направи нов пресврт и со два гола на Пуадо освои три бода (4-3).

Барди играше до 84. минута за Леванте, но не успеа со своите соиграчи конечно да ја прекине црната серија и останаа последни на табелата со само 8 бода.