Двократниот европски првак Вардар 1961 направи спогодбен раскин на договорот со предводникот Веселин Вујовиќ.
„Црвено-црните“ бележеа лоши резултати во Лигата на шампионите каде забележаа седум порази во низа, на домашната сцена загубија од вториот тим на Пелитер и направија чекор назад во битката за титулата, па затоа дојде до спогодбен раскин на договорот со црногорскиот стратег и миленик на навивачите на вардарци.
Засега нема повеќе информации од клубот околу отказот на Вујо, а во следниот дел од сезоната тимот ќе го води неговиот помошник Владо Недановски.
Разделбата доаѓа во лош момент, пред натпреварот против Еурофарм Пелистер во шампионатот кој е од голема важност. Се очекува Недановски да го води тимот во следните два меча, а потоа да се бара нов тренер.