Шведска ја победи Шпанија во финалето на Европското првенство во ракомет во драматичен меч со голот на Екберг од седум метри во последната секунда и го освои своето петто европско злато, прво по 20 години. Шведската ракометна федерација ги награди играчите со бонуси во согласност со политиката за бонуси согласно постигнатите резултати.
Сите играчи кои ги одиграа сите девет натпревари на Европското добија 125 илјади круни (нешто повеќе од 12 илјади евра). Дневницата е 90 евра за секој играч без разлика на резултатот, а секоја победа вреди 5.000 круни (500 евра). Со оглед на тоа што Шведска победи на осум натпревари, тоа значи дека секој играч заработил уште 40 илјади круни (околу четири илјади евра).
Кога се ќе се собере, играчите кои најмногу поминале на паркетот заработиле околу 190 илјади круни или околу 19 илјади евра.