Адама Траоре се врати во Барселона и попладнево беше промовиран во дресот на каталонскиот гигант со бр.11. Тој во друштво на првиот човек на клубот,претседателот Хоан Лапорта се сликаше и со дресот со бр.145.
Тој број значи дека токму тој е 145 играч од Ла Масија кој дебитирал за првиот тим на Барса.
Инаку Траоре доаѓа на “Камп Ноу“ како позајмен играч од Вулверхемптон до крајот на сезоната.
„Барселона секогаш бил мој дом. Возбуден сум што се вратив и подготвен сум да му помогнам на тимот“ изјави офанзивецот на денешната промоција.